Бесплатна достава низ цела Македонија за нарачки над 3.000 ден.
Супериорен квалитетен и совршен дизајн
Carriwell е бренд со седиште во Дубаи. Приказната за Carriwell започнува од 2018 година лично од една мајка која е во потрага да најде безбедни, стилски и одржливи производи за своите деца. Подоцна станува водечка компанија на пазарот во областа на иновативни производи со присуство во над 47 земји во светот.
Carriwell во својата палета содржи производи со дизајн прилагоден за најмалите бебиња, мали деца па сѐ до тинејџери и возрасни. Палетата содржи производи во делот на исхрана како шишиња за вода, кутии за оброк и чашки за патување, ранчиња и прибор за предшколска и школска година.
Она што навистина го прави Carriwell да се истакне е неговата посветеност на супериорен квалитет и совршен дизајн. Создава функционални и еколошки колекции кои одговараат на секојдневните потреби на семејствата, а кои притоа се загарантирани со квалитет според највисоките стандарди.